Фармерите истакнуваат дека на ваков начин сакаат да освојат нови потрошувачи од помладата популација

Здружението на земјоделски производители "Виножито" од Кичево од вчера за секоја купена канта сирење дава и месечна картичка за интернет од 200 до 400 денари, во зависност од количеството на купената стока.

– Ова е интересен обид да се обезбеди пласман на квалитетното сирење од падините на Бистра – велат во здружението, јави МИА.

Фармерите истакнуваат дека на ваков начин сакаат да освојат нови потрошувачи од помладата популација. Покрај сирење, тие нудат и мед и компир под истите услови.

Во Здружението се надеваат дека поволностите со бесплатен интернет ќе привлечат повеќе клиенти и дека веќе во наредната сезона своите производи директно ќе ги носат од нивите во домовите на потрошувачите.

Извор: Дневник