Српското Министерство за телекомуникации и информатичко општество на Владата на Република Србија организираше локализација на неколку популарни програми со отворен код.
Станува збор за оперативниот систем Линукс, програмскиот пакет ОпенОфис, интернет прелистувачот Фајрфокс и клиентот за е-пошта Тандрбрд. Задачата за локализирање им беше доверена на експерти од Електротехничкиот факултет, Факултетот за организациски науки и Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград и од Електро факултетот во Ниш.
Во моментот се работи на локализација на две верзии на Линукс – Убунту и Федора, додека првите верзии на тие програми на српски јазик ќе можат да се користат веќе од март 2008 г.
За почетокот на 2009 г., најавено е распишувањето на тендер за локализација на други важни софтверски пакети, исто така базирани на програми со отворен код.
Извор: Микро ПЦ Ворлд



