Во одговор на претставката од 31 март 2011г. со која Советот на Европа се повикува да започне темелно истражување според членот 52 од Европската конвенција за човекови права, Торбјорн Јагланд, Генералниот секретар на Советот на Европа одби да започне истрага за собирањето и чувањето на биометриските податоци на граѓаните од страна на земјите-членки.

Во својот одговор, Генералниот секретар Јагланд ја посочува Резолуцијата 1797 на Советот на Европа усвоена во март 2011г. Тој ја нагласува потребата да се преземат чекори за да се обезбеди дека релевантните постојни правни рамки, вклучително и Европската конвенција 108 за заштита на податоците ќе се подобрат и модернизираат. Сепак, генералниот секретар не го објасни неговото одбивање да се испита законитоста на актуелните национални биометрички шеми. Наместо тоа, г. Јагланд се повика на разни други тела на Советот на Европа, како што се Парламентарното собрание, Комесарот за човекови права и Консултативниот комитет за Конвенцијата 108.

Во првата реакција на одговорот од Стразбур, портпаролот на сојузот рече: „зачудувачки е недостатокот од заштита на правата на граѓаните при користење на биометриски податоци од страна на владата. Исто така, самата техника за дигитално скенирање на отпечатоци е незрела. На пример, владиниот тест во Холандија објавен по нашата петиција покажа стапка на неуспех на биометриската верификација од 21 отсто. Тестот на градоначалникот на Роермонд откри дека кај најмалку едно од пет лица кои вадат патни исправи, првичниот отпечаток бил толку лош што не можел да се верификува. Тогаш, како можете да ги постигнете целите на Законите за пасоши ако зачувувате вакви податоци на чипот во личните документи? Со ова се потврдува уште еднаш дека наскоро треба да се спроведе темелно истражување околу тоа дали гаранциите за човековите права и потребите ( ефективност, пропорционалност, супсидијарност и безбедносни гаранции) дефинирани од Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата за заштита на податоци навистина се поддржуваат во опфатените земји“.

Во 80-те потписници на претставката од 27 земји, вклучително и ЕДРи, меѓу другите спаѓаат и бранители на дигиталните, граѓански и човекови права, медиуми, правни и медицински организации, академици, политичари и индивидуални жртви без пасоши бидејќи приговарале за зачувувањето на биометриски податоци.

Извор: ЕДРИ-грам „CoE refuses to start investigation on biometrics“ бр. 9.10, 18 мај, 2011.