Повеќе од 90% од провајдерите на јавни услуги денес се присутни он-лајн, а 40% од основните јавни услуги се целосно интерактивни, покажува петтото годишно истражување на владините он-лајн услуги во Европа објавено од Европската комисија

        Повеќе од 90% од провајдерите на јавни услуги денес се присутни он-лајн, а 40% од основните јавни услуги се целосно интерактивни, покажува петтото годишно истражување на владините он-лајн услуги во Европа објавено од Европската комисија.

        Мерките за достапност и интерактивност покажуваат дека новите членки на ЕУ денес се на истата позиција на која беа петнаесетте ЕУ членки пред само 2 години. Предизвикот сега е да се обезбеди сигурност дека владините сервиси се користат што е можно пошироко и повеќе за максимално да придонесат кон ефикасни придобивки за бизинсот и за граѓаните.

        -Студијата покажува импресивен напредок во развивањето и давањето на јавните он-лајн услуги ширум Европа. Јазот помеѓу услуги што ги нудат новите земји-членки и петнаесетте земји-членки на ЕУ пред проширувањето е помал од она што многумина го очекуваа и може многу брзо да се затвори – изјави Комесарот за информатичко општество и медиуми Вивијан Рединг. –Е-владините услуги можат да ги олеснат административните формалности и да ги направат попријатни за секого. Охрабрувањето на биснис-секторот и граѓаните да ги користат колку што е можно повеќе ќе ја зголеми ефикасноста како и продуктивноста и конкуренцијата во стопанството.

        Во истражувањето спроведено од консултантите Капџемини (Capgemini) за потребите на Европската комисија беа опфатени 14 000 веб-сајтови од 28 земји и тоа 25 земји-членки на ЕУ плус Норвешка, Исланд и Швајцарија. Шведска е најнапредна земја во поглед на он-лајн јавните сервиси, а Австрија е веднаш зад неа. Методот што се користеше го дефинираше индексот на софистицираност на услугите што се движеше од обични он-лајн информации до давање на он-лајн услуги. Овој индекс се зголемува со секое ново истражување и сега изнесува 65%.

        Истражувањето можете да го погледнете ако кликнете на овој линк.