Во центарот за поддршка на НВО во Струмица се одржа целодневна ИКТ обука за активистите од неколку организации кои се дел од проектот е-Рајдери. Од секоја организација учествуваа по тројца членови, а центарот на користење ги отстапи своите технички ресурси (компјутери + интернет пристап).

Со обуката беа опфатени три модули:

  • напредно користење на оперативниот систем Windows
  • напредни опции на апликацијата за обработка на текст Microsoft Word
  • обука за подготвување на презентации во апликацијата Microsoft PowerPoint

На обуката присуствуваа членови од следниве организации:

  • Организација на жени – Струмица
  • Еколошко друштво Планетум
  • Граѓанска организација Утро – Ново Село

Сподели: