Беше поставен штанд за граѓаните да може да добијат повеќе информации и каде што тие имаа можност да снимат изјави за нивните мислења околу надзорот, кои потоа ќе бидат објавени на интернет. Сепак, мал број граѓани изразија желба да застанат пред камера, и претпочитаа да ги изразат своите мислења усно или писмено. Фотографии од настанот се поставени на Фликр (следуваат уште).

ploshtad_fnf

Граѓаните имаа можност да пополнат анкета во врска со надзорот, приватноста и одговорноста на владата. Беа собрани неколку стотици прашалници, а резултатите ќе бидат набрзо објавени.Вкупно 5000 летоци и 300 постери на македонски и албански јазик со информации за кампањата „Слобода наместо страв“ и основните човекови права во однос на видеонадзорот во Македонија беа дистрибуирани на сите гореспоменати настани. Околу сто луѓе од различни капацитети беа вклучени во спроведувањето на активностите за оваа акција.

Активностите се организирани од група НВОи:

  • Фондацијата Метаморфозис,
  • Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија,
  • Европското здружение на студенти по право во Македонија,
  • Форумот на студенти на европско право
  • Младинскиот образовен форум
  • Македонскиот центар за европско образование
  • Интернет хотлајн провајдер – Македонија

во тесна соработка со независниот регулаторен орган – Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија.

Повеќе информации за кампањата:
Утрински Весник, Нова Македонија и Вест.

Сподели: