Со цел да се овозможи на граѓаните директно да се запознаат со нивните права и можности за решавање на нивните проблеми од областа на приватноста и сродни прашања, педесетина волонтери од девет невладини организации и Дирекцијата за заштита на лични податоци организираа активности за споделување знаења.

Низ градот беа поделени 3000 информативни флаери на македонски и албански јазик, со информации за основните права и линкови до веб-сајтови со ресурси и упатства за примена на законски дозволените мерки на заштита. Волонтерите исто така споделуваа и печатени верзии на Повикот за акција од Берлин на македонски јазик.

FNF 2009 Skopje, Macedonia
Фотогалерија за „Слобода наместо страв“ 2009 во Скопје на Фликр.

Во периодот од 11 до 14 часот, правни експерти кои работат на заштита на лични податоци и примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер одговараа на прашања на граѓаните лице в лице, давајќи практични совети.

Во активностите учествуваа невладините организации:

  • Фондацијата Метаморфозис,
  • Фондација Институт Отворено општество Македонија,
  • Интернет хотлајн провајдер Македонија,
  • Здружение на млади правници,
  • Младински образовен форум,
  • Европско здружение на студенти по право ЕЛСА-РМ,
  • Форум на европски студенти по новинарство,
  • Македонски центар за европско образование

и независното регулаторно тело на државно ниво Дирекција за заштита на личните податоци на РМ.

Настанот беше финансиски поддржан од Фондацијата Метаморфозис и Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, додека Град Скопје даде свој придонес со обезбедување простор во зоната на паркот каде што функционира бесплатен бежичен пристап на интернет за граѓаните.

(Наскоро ќе бидат додадени уште фотографии.)

Покривање на настанот од страна на медиумите:

Сподели: