digitalen_arhiv Досега на веб-сајтот на дигиталниот архив на македонскиот јазик се објавени 13 дела, но со текот на времето тој ќе се надополнува со нови ракописи, материјали и ретки книги. „Со овој дигитален архив, можноста за продорот на македонскиот јазик, литература и култура во светот ќе биде зголемена, а материјалите ќе станат подостапни. Научниците, лингвистите, проучувачите на културата, историјата и традицијата на Македонија и на македонскиот јазик отсега ќе имаат пристап до ресурсите кои би им помогнале и би ги поттикнале тие проучувања, а со тоа би придонеле за поширока афирмација на македонскиот јазик во светски рамки.“

Дигиталниот архив на македонскиот јазик е бесплатен за користење, пребарување и преземање на материјалите. Единствениот услов кој корисниците треба да го исполнат е наведување на изворот на преземените дела во случај на нивно објавување на други веб-локации, со што се овозможува и референцирање на податоците од самите дела кое е неопходно при научна комуникација.

Примената на Кријетив комонс лиценца на веб-сајтот на дигиталниот архив претставува револуционерен потег од страна на македонската научна институција, а непостоењето на услови за користење на делата, освен основниот – Наведи извор, го прави достапен за македонската, но и за светската читателска публика.

Примената на лиценцата Криејтив комонс е резултат на соработка на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика и Фондацијата Метаморфозис.

Сподели: