sertifikat-vo-rakaПо повод доделувањето, во понеделникот, во Метаморфозис се одржа мала свеченост на која присуствуваа самите учесници и обучувачите. Сите учесници во обуките успешно го крунисаа своето знаење со сертификат.

Компјутерските обуки за оваа група учесници започнаа во март минатата година, продолжија по паузата за време на летниот период, а завршија до крајот на годината.  За време на обуките, учесниците беа поделени во две групи. Обуките ги спроведоа двајца сертифицирани обучувачи, секој задолжен за една од групите.

Доделениот сертификат на секој учесник претставува потврда за неговото успешно завршување на обуката, што подразбира задоволително присуство на редовната настава, како и положување на тестовите за проверка на знаењето за секој од петте модули поедничено.

Сподели: