Tимот кој патуваше за Битола се состоеше од еден претставник од Метаморфозис, еден од Точка и еден снимател кој беше задолжен за архивирање на настанот. Паралелно, патуваа и група млади уметници чии дела подоцна и беа пртеставени на битолската публика.

На почетокот публиката доби одговор на прашањето што е Криејтив комонс и кој се може да се здобие со таква лиценца. Потоа продолживме со кусо објаснување на постапката за додавање на македонска Криејтив комонс лиценца на дело достапно во дигитална форма. На крајот од говорното излагање, особено внимание му посветивме на македонскиот портал за авторски содржини: www.creativecommons.org.mk каде ги повикавме сите автори да постават линкови до своите дела или нив директно овде да ги сместат, како им се овозможува подобра афирмација со истовремена заштита и секако можност за учество во една глобална македонска библиотека на дела од секаков тип.

Во продолжение, Филип Јовановски го најави најновиот музички спот за култниот битолски бенд Фолтин,„ Хот деј ин Мехико.“ Бендот беше вклучен и во вечерната програма со свој концерт во живо. Филип Јовановски е инаку автор, режисер и дизајнер на спотот кој пак е изработен во рамките на проектот Видеодорм- ново македонско видео што има за цел промоција на новата видео сцена во Македонија. Како надоврзување на видео спотот на Фолтин, следуваа видео делата на неколку млади македонски видео арт и филмски уметници. Публиката ги виде делата „Портрет на младиот уметник во 21 век“ и музичките спотови од серијалот „Змеј од хартија“ на Борјан Зафировски, Саша Станишиќ се претстави со филмот „Златко легна и не сака да стане“, Дарјан Пејоски со „15 секунди“, Вардан Тозија со „Исклучок“, а Јане Алтипармаков со музички спотови за бендовите Мугер Фугер и Пиколомини.

Додека траеше забавата, присутните имаа можност да се послужат со промотивниот материјал кој го понесовме и на тој начин уште повеќе да разберат зошто и како да ги лиценцираат своите авторски дела.

Понеделнички, ја завршуваме промотивната турнеја со патување во Тетово.

Сподели: