Присутните имаа можност да погледнат голема палета на фотографии од овој уметник, после што следеше промоцијата на лиценците. И овој пат, воведот го презеде Роберт Алаѓозовски од Контрапункт, додека претставниците од Метаморфозис го заокружија настанот покажувајќи ја конкретната примена на лиценците во пракса.

По завршетокот на случувањето, присутните покажаа изненадувачки интерес за лиценците, кој го изразија преку собирање промотивен материјал, но и поставување конкретни прашања за примената на овој тип лиценци.

Промоцијата на Криејтив комонс во Неготино, беше втора од серијата настани кои започнаа со настанот во Струмица. Следна дестинација е Битола, која ќе ја посетиме кон средината на месецов.

Сподели: