На состанокот ќе бидат презентирани очекуваните резултати од тековните FP6-проекти: СКОР (SCORE), Ви-Го (We-Go), ЕЛЕКТРА (ELECTRA), РекВеб (RecWeb), СВЕБ (SWEB), а со состанокот ќе претседава г. Иво Ивановски – министер без ресор одговорен за информатичко општество.

Европската комисија го објави 6-иот повик за прибирање предлог-проекти со осврт на клучните прашања кои се од интерес за земјите од регионот – како на пр. подобрувањето на јавните услуги, зајакнувањето на институциите, донесувањето одлуки и демократските процеси со буџет од 5 милиони евра.
Со тоа, јавната администрација од З. Балкан треба да постигне поголема продуктивност и правичност, т.е. да ги опслужува сите граѓани и истовремено да излегува во пресрет на потребите на поединецот и да ја зголеми активната вклученост на граѓаните со помош на иновативна, безбедна и отворена ИКТ.

Акционите планови за е-влада на земјите од Западен Балкан се реализираат само делумно и најчесто тие системи не соодветствуваат со политиките и условите на ЕУ, со што се намалува продуктивноста и ефикасноста. Ниското ниво на свест за прашањата од областа на интероперабилност и за можностите за соработка како и недостигот од способности за техничко раководење се вбројуваат меѓу пречките за усогласување со политиките и условите на ЕУ. Еден од проектите од FP6 е и проектот We-Go кој работи во насока на овие прашања и потребите кои произлегуваат од нив користејќи прилагоден „We-Go“ пакет кој е создаден врз основа на постоечката експертиза на партнери со докажано лидерство во соодветните области.

Партнери на проектот We-Go од Македонија се „Македонската асоцијација за информатичка технологија“ (МАСИТ), Институтот за информатика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Фондацијата „Метаморфозис“.

Сподели: