Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации, институциите, медиумите и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за „Видео-надзорот и заштитата на личните податоци“ на десеттиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 19-ти јули, со почеток во 15 часот, во хотелот Александар Сквер (Хотелот се наоѓа на ул. Никола Вапцаров, бр.13А во Скопје. Локацијата можете да ја видите на овој линк.)

Учесниците на средбата ќе имаат можност да дознаат:

  • дали камерите кои ги сретнуваме се почесто, на различни места: во супермаркети, на улици, во приватни имоти и слично, законски нè снимаат;
  • што можеме да направиме и каде можеме да се обратиме ако снимањето се спроведува незаконси;
  • дали имаме право да побараме да бидат избришани снимките на кои нè има и нас и т.н.

Исто така, учесниците ќе можат да и споделат нивните ставови, дилеми и искуства поврзани со спроведувањето видео-надзор.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк.

Сите што сакаат да присуствуваат на настанот, ги замолуваме да го пополнат формуларот достапен на овој линк.

За учесниците кои доаѓаат од друг град, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје. За да го направиме тоа, ќе треба да ни бидат доставени оригиналните сметки и билети од патувањето.

Ги очекуваме вашите пријави!

Сподели: