Фондацијата Метаморфозис и Евротинк во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ финансиран од Европската Унија имаат потреба од развој на мобилна апликација – едукативна игра за Андроид и iOS платформата.

Во функција на апликацијата – играта потребно е создавање на веб базиран административен дел со база на податоци преку кој ќе се управува играта. Спецификациите на играта се на следниот линк.

Понудата треба да ги опфати следните елементи, при што ставките за изработка на верзии за Андроид и iOS треба да бидат посебно назначени:

  • Финансиска понуда
  • План за реализација со временска рамка
  • Портфолио на претходни проекти од слична природа

Заинтересираните кандидати (правни и физички лица) треба да достават понуда по е-пошта до преку е-пошта на contact[at]crithink.mk. Лице за контакт Филип Нешкоски, тел. 075495305.

Поради поголем квалитет на понудите рокот за пријавување се продолжува до 21 декември 2018 година, 23:59 часот.

Сподели: