Целта на студиската посета беше да им се овозможи на учесниците да се запознаат со политиките на ЕУ за управување со отпад, како и воопшто со политиките на ЕУ за животната средина. Посетата им овозможи на претставниците на граѓанските организации да разменат искуства и контакти меѓу себе, претставници на европските институции и граѓански организации од земјите членки, кои се активни во ова поле. 

Околу 30 учесници од граѓанските организации од Западен Балкан и Турција присуствуваа на студиската посета.

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад e двегодишен проект инициран и воден од Фондацијата Метаморфозис и кофинансиран од Европската Унија преку ИПА со цел придонесување кон подобрување на законската и институционалната рамка за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, во согласност со релевантните ЕУ директиви и стандарди.

Сподели: