Во текот на вчерашното претпладне се поделија постери на следниве високо-образовни и истражувачки институции: Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, Градежниот факултет, Архитектонскиот факултет, Факултетот за Драмски уметности, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, и Универзитетот за Туризам и Менаџмент.  На  Факултетот за електротехника и информациски технологии, поради недозволена дистрибуција, беа поделени само мал број постери помеѓу студентите.

Денес активностите продолжуваат на: Правниот, Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Медицинскиот Факултет.

Постери се делеа и во рамките на досега одржаните презентации на Економскиот институт, Универзитетот ФОН, Економскиот Факултет во Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а ваквата активност ќе продолжи и понатаму. Во акцијата за директно информирање и промоција на концептот и предностите од примената на отворениот пристап беа опфатени професори, асистенти, раководен кадар и студенти. Заклучно со денешната акција ќе бидат поделени околу 2000 постери, а истата комплетно ја спроведоа волонтерите на Метаморфозис Виктор Милевски и Огнена Костова.

Poster-za-otvoren-pristap--introПостерот за отворен пристап е достапен за преземање под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Без адаптирани дела. Истиот содржи објаснување на македонски и албански јазик за самиот концепт, предностите и директните ползувачи од неговата примена, како и информации за користење на слободниот софтвер за создавање дигитални складишта Диспејс.

Сподели: