На 16 март 2005г., во село Негорци, Гевгелиско, ќе започне со работа нов дигитален клуб. Клубот се отвора во рамките на проектот „Дигитални клубови“ кој е организиран и поддржан од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија и Фондацијата Метаморфозис, а чија цел е надминување на дигиталниот јаз преку отворање на вакви клубови во средини каде не постојат интернет клубови или слични места во кои населението би имало контакт со компјутерската технологија.

        Подносител на проектот е здружението „Јужна градина“ од с.Негорци. 

        Клубот ќе го опслужува населението од целата општина во која живеат околу 2 240 жители, а се наоѓа во близина на основното училиште.

        Во рамките на клубот ќе се одржуваат компјутерски курсеви, ќе се користат интернет услуги, ќе може да се играат компјутерски игри, а ќе можат да се печатат и скенираат материјали и документи.

Сподели: