logo_apcНи претставува чест и задоволство да ве информираме дека Фондацијата Метаморфозис стана членка на Асоцијацијата за напредни комуникации (АПЦ). Членството во АПЦ ќе овозможи пристап до разни проекти кои се имплементираат во други држави и кои можат да се реплицираат во Македонија, а со тоа ќе придонесе и за градење на отворено и инклузивно информатичко општество во Македонија.

Во партнерство со АПЦ, Фондацијата Метаморфозис ќе спроведува активности поврзани со размена на искуства и знаења, надминување на дигиталниот јаз, инклузијата и човековите права.

Асоцијацијата за напредни комуникации е една од најголемите и најстарите меѓународни мрежи на граѓански организации која се занимава со поддршка на групи и индивидуи кои работат во областите на мирот, човековите права, развој и заштита на човековата околина преку стратешко користење на информатички и комуникациски технологии, вклучувајќи го и интернетот.

Сподели: