Еднодневните обуки ќе бидат интензивен курс за блогирање, кој ќе ги оспособи невладините организации да ги користат блоговите и другите нови медиуми за објавување на своите содржини, настани и активности. Во рамките на обуката ќе бидат опфатени неколку теми, меѓу кои:
- Вовед на тема е-содржини од значење за НВО
- Блоговите како алатка за застапување; приватност и авторски права на интернет
- Блогирање во пракса: отворање, водење и дизајн на блог
- Онлајн алатки за споделување на фотографии, видео-клипови, подкасти, презентации и сл.
- Основи на веб-промоција
Невладините организации кои сакаат да земат учество во обуките, може да се пријават по е-пошта со испраќање на пополнет формулар до obuka@
metamorphosis.org.mk.
Сподели: