Настанот ќе биде концентриран во Градскиот парк, во близина на споменикот Гоце Делчев. Ги покануваме сите граѓани кои се загрижени за својата приватност онлајн, имаат потреба од совети за внимателно и безбедно користење на интернетот и би сакале да добијат насоки за почитување и постапување по законот за заштита на личните податоци да дојдат и директно да ги прашаат експертите за овие проблематики.

Настанот, како и минатата година е организиран од Фондацијата Метаморфозис. Во обележувањето на денот, свој придонес ќе дадат Дирекцијата за заштита на личните податоци, Форумот на студенти на европско новинарство, Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија, Европското здружение на студенти по право во Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Македонскиот центар за европско образование, Интернет хотлајн провајдерот Македонија, Здружението на млади правници и Град Скопје.

Повеќе информации за овој настан во интернационални рамки, можете да добиете на официјалниот веб-сајт за обележување на денот Слобода наместо страв 2009, како и на вики страницата која се надополнува со информации за секоја земја во која се организираат настани по тој повод.

Дополнително:

Сподели: