Трибината ја организира фондацијата Метаморфозис како дел од подготвувањето на македонскиот дел за глобалниот извештај „Приватност и човекови права“. Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Правната програма на ФИООМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци, по трет пат го организира составувањето на овој извештај, со учество на видни експерти од сите сродни области. Целта на трибината е разгледување на претходно подготвениот нацрт-извештај и овозможување на учесниците да придонесат со свои забелешки и дополнителни информации.

Глобалниот извештај „Приватност и човекови права: Меѓународен преглед на законите и случувањата поврзани со приватноста“ го издаваат ЕПИЦ од Вашингтон, САД и Прајваси интернешнл од Лондон, Велика Британија, во соработка со организации од скоро осумдесет други земји. Освен во вид на книга, целиот текст е бесплатно достапен и во дигитална форма . Извештаите за секоја држава содржат информации за законските рамки и значајни случувања поврзани со заштитата на лични податоци во дадениот период.

Настанот ќе биде отворен за јавноста.

Агендата на настанот може да ја видете тука.

Сподели: