Фондација Метаморфозис заедно со Споделено Знаење организира работилница за платформата Википодатоци. Работилницата ќе се одржи на 27 септември 2022 година (вторник) во периодот од 15:00 до 19:00 часот во Europe House во Скопје.
За кого е наменета?

Целна група се лицата кои веќе работат или се обучуваат во полето на структурирани податоци, лицата кои се занимаваат со слободна содржина и отворени податоци, лицата кои се во полето на информатичките науки, но отворено е и за други лица кои сакаат да ги стекнат вештините на уредување и користење на платформата Википодатоци.

Што ќе се работи?

На обуката ќе се предава како се создаваат википредмети на Википодатоци, како се вметнуваат структурирани податоци во рамки на веќе постоечки или новосоздаден википредмет, како се врзува википредмет со соодветна статија на Википедија.

За соорганизаторот Споделено Знаење

Споделено Знаење е регистрирано здружение во Северна Македонија и е огранок на Фондацијата Викимедија, хиерархиски наречено корисничка група во рамки на Викимедија. Постои од март 2014 година со цел умножување на статиите на Википедија на македонски јазик, но и на другите јазични Википедии, како и умножување на слободна содржина во разни облици на останатите платформи што припаѓаат на Фондацијата Викимедија (Ризница, Википодатоци, Викиизвори, Викицитати, Викикниги, Викиречник, Викиуниверзитети, Викивидови, Википатувања).

Линк за пријавување: тука.

Сподели: