На 26 мај 2005г. од 15 до 17 часот во просториите на Фондацијата Метаморфозис се одржа обука за наоѓање информации на интернет со користење на пребарувачи (search engines) наменета за новинари и уредници.

Обуката ја одржа м-р Петар Кајевски, експерт за пребарување и автор на единствениот македонски пребарувач Најди.

Обуката беше поделена во два дела- теоретски и практичен. Во теоретскиот дел беа претставени разни техники за пребарување. Беше претставен начинот на работа на пребарувачите и најпопуларните светски пребарувачи. М-р Кајевски се осврна на главните разлики помеѓу најпопуларниот светски пребарувач Гугл (Google) и единствениот македонски пребарувач Најди.

Учесниците беа запознати и со проблемите со кои ќе се сретнат сите оние кои бараат содржина на македонскиот јазик. На крајот од теоретскиот дел беа претставени напредните оператори за пребарување на Гугл и на Најди. За време на практичниот дел учесниците го применуваа наученото при пребарувањето.

На обуката присуствуваа 6 новинари од македонските пишани и електронски медиуми.

Наоѓање на информации на интернет (491КB.zip)

Сподели: