xpert.jpgОбуката и тестирањето се одржаа во просториите на хотел Мрамор во Скопје. На тридневната обука учество зедоа четворица претставници од Метаморфозис и шестмина претставници од пет дигитални клуба и тоа по еден претставник од Камењане, Ресен, Негорци и Самоков и двајца претставници од Врама Си од Куманово.

Сите учесници успешно ги положија курсевите за основи на електронска обработка на податоци, обработка на текст и интернет и добија Xpert европски компјутерски пасош. Четворица од учесниците добија и дипломи за овластени обучувачи, што значи дека во иднина ќе можат да ги обучуваат сите оние кои сакаат да го добијат овој европски компјутерски пасош.

Експерт сертификатите се признати во целата Европска Унија и сведочат за степенот на познавање на работата со компјутери. Имателот на Експерт сертификатот се смета дека ги исполнува критериумите за работа со компјутери кои ги бараат работодавачите низ Европа. Овој сертификат сведочи дека оние кои го поседуваат имаат практично знаење кое веднаш можат да го применат на работното место.

Фондацијата Метаморфозис ја изразува својата благодарност на овластениот застапник на Xpert за Македонија, Институтот за меѓународна соработка ИИЗ ДВВ од Скопје, за одличната организација на обуката и тестирањето.

 ucesnici.jpg

Сподели: