Учесниците во обуката се запознаа со основите на интернетот, научија да се служат со интернет прелистувачот мозила фајрфокс, се здобија со напредни знаења за пребарување на интернет, им беа посочени неколку богати извори на информации кои можат да ги користат во нивната работа, научија да користат програми за меѓусебна комуникација, форуми, мејлинг листи и њуз групи, како и да го користат имејл клиентот мозила тандрбрд за менаџирање на нивната електронска пошта. Целта на оваа обука беше да се зголеми нивото на познавање на можностите кои ги нуди интернетот и истото да се искористи за постигнување на поголема ефикасност во секојдневната работа.

Обуката траеше 4 недели, при што неколкучасовни предавања се одржуваа по еднаш во неделата. Секој од учесниците доби краток прирачник кој го опфати материјалот што беше предаден. На крајот беше предвидено тестирање, кое не се реализираше по желба на учесниците во обуката. Обуката ја спроведе Ирина Шумадиева од фондацијата Метаморфозис.

Сподели: