Проектот има за цел подобрување на меѓуетничките односи и јакнење на институциите на системот, со цел зајакнување на демократијата во Македонија и забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.

Во конкретните цели на проектот спаѓа подобрувањето на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците (КОЗ) со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата на нови технологии.

Право на учество имаат сите единици на локална самоуправа во Република Македонија кои ќе ги исполнат условите на конкурсот, од кои основен е да имаат законска обврска да формираат Комисија за односи меѓу заедниците.

Целосната апликација заедно со упатството за пријавување и условите треба да се преземат од тука

  • Пријава за учество 
    • Мајкрософт Ворд документ ( мк | sq )
    • Опен офис документ ( мк | sq )
  • Напатствија за пријавување
    •  Мајкрософт Ворд документ ( мк | sq )
    • Опен офис документ ( мк | sq )

Се препорачува испраќање на скенирана копија по е-пошта на mek@metamorphosis.org.mk, а пополнетите пријави и дополнителни документи во оригинал треба да се достават по пошта на следната адреса:

Фондација Метаморфозис
ул. „Апостол Гусларот“ бр. 40
1000 Скопје

Рокот за пријавување е 16 мај 2010 година во 16 часот. За дополнителни информации јавете се на  тел. 02 / 3113 966 или 3217240 (Хајрије Ахмед).

Сподели: