Со задоволство ги покануваме претставниците на граѓанските организации, институциите, медиумите и сите други поединци кои сакаат да дознаат нешто повеќе за заштитата на личните податоци на панел-дискусијата „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“ што ќе се одржи во среда, на 15-ти јуни, во Хотел Квинс, со почеток во 10 часот. (Локацијата можете да ја видите на овој линк.)

Учесниците на средбата ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за системот за заштита на лични податоци во ЕУ и во земјата; да се запознаат со планираните активности во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската унија и имплементиран од Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект, како и со можностите за вклучување во проектот. Покрај тоа, учесниците ќе имаат прилика и да ги споделат своите ставови и искуства поврзани со заштитата на приватноста и на личните податоци.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк.

Сите што сакаат да присуствуваат на настанот, ги замолуваме да го пополнат овој формулар.

Ги очекуваме вашите пријави!

Сподели: