Ги покануваме сите заинтересирани претставници на граѓанските организации и медиумите да бидат дел од нашата следна обука за заштита на лични податоци. Обуката ќе се одржи на 11-ти и 12-ти април, во Јавна соба во Скопје. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност да научат нешто повеќе околу тоа:

  • Како треба да ја усогласат нивната работа со Законот за заштита на лични податоци;
  • Како да ја подигнат свеста за важноста на заштита на личните податоци кај нивните целни групи и
  • Како да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци.

Оваа обука ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската Унија. Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк до формулар за пријавување.

Агендата за обуката можете да ја најдете на овој линк: Линк до агенда.

Ги очекуваме вашите пријави!

 

Сподели: