Фондација Метаморфозис ги поканува офицерите за заштита на лични податоци од институциите да бидат дел од дводневна обука за заштита на лични податоци и менторска програма во која ќе добијат експертска поддршка за усогласување на нивните интерни процедури со Законот за заштита на лични податоци. Обуката и менторството ќе им помогнат на институциите да го усогласат нивното работење со Законот за заштита на лични податоци и соодветно да ги заштитуваат правата на заштита на лични податоци на граѓаните. Обуката и менторството се спроведуваат во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската унија.

Обуката ќе се одржи на 29 и 30-ти ноември во Скопје, а агендата можете да ја најдете на овој линк: Агенда за обука 29 и 30 ноември.

Процесот на менторство што ќе следи по обуката ќе трае 2 месеци во текот на кои учесниците ќе добијат експертска поддршка во подготвувањето на:

  1. ГАП анализа и акциски план;
  2. Политика за приватност за веб-страница;
  3. Проценка на влијанието на заштитата на личните податоци и
  4. Процедура и обрасци за остварување на правата на субјектите на личните податоци .

Учеството на обуката и во програмата за менторство е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат обуката, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк до формулар за пријавување.

Ги очекуваме вашите пријави.

 

Сподели: