За потребите на проектот Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство финансиран од страна на Кралство Холандија, Фондација Метаморфозис отвора Повик за доставување на понуди за набавка на услуги за среднорочна евалуација на проектот Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство.

Фондацијата Метаморфозис од Скопје (Северна Македонија) во партнерство со Центар за меѓународни и безбедносни прашања ISAC, тинк-тенк од Србија; Зашто не (Why not) од Босна и Херцеговина, основач на сервисите за проверка на факти Istinomjer.ba и Raskrinkavanje.ba (fcs); Центар за демократска транзиција од Црна Гора, основач на сервисот за проверка на факти Raskrinkavanje.me (fcs); Faktoje.al, сервис за проверка на факти од Албанија, и Sbunker.net, Медиумска издавачка организација од Косово го реализираат проектот Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство финансиран од страна на Кралство Холандија. Проектот има за цел да го открие странско малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропаганда што потекнуваат од надворешни актери низ регионот.

Вкупното времетраење на проектот е 3,5 години (42 месеци), од ноември 2021 до април 2025 година.

Услови и критериуми за учество на повикот

За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на нивната способност:

  • Претходно искуство со евалуација на проекти (најмалку 5 евалуации на проекти во последните 5 години);
  • Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и пишано);
  • Познавањето на областа ќе се смета како предност;
  • Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
  • Спремност за учество на состаноци и настани поврзани со проектот, онлајн, во земјата и во странство (доколку условите го дозволуваат тоа).

Повеќе информации за повикот може да се најдат во Инструкции за понудувачи.

Понудата треба да содржи следните елементи:

  • Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како Прилог 1 – Финансиска понуда
  • Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба според образецот даден како Прилог 2 – Изјава
  • CV/резиме за секој експерт кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во инструкциите за понудувачите. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то на предложените експерти.

Начин на доставување на понудите

  • Понудите се доставуваат на македонски јазик или англиски јазик.
  • Понудите треба да се достават електронски по е-мејл адреса nina@metamorphosis.org.mk или по курирска служба или лично во запечатен плик со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ за Проект „WBADH“ – Конкурс за евалација на проектот.
  • Понудите треба да бидат оригинални и потпишани, а доколку се доставуваат по електронски пат, истите потпишани оригинали треба да бидат скенирани.

Краен рок за поднесување на понудите е 15.03.2023 година до 16:00 часот.

————————————————————————————————————————————————————————————————–

Проектот „ Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија); Центар за меѓународни и безбедносни прашања ISAC (Србија); Зашто не (Босна и Херцеговина); Центар за демократска транзиција (Црна Гора); Faktoje.al (Албанија), и Sbunker.net (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралство Холандија.

Сподели: