За потребите на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европската унија и спроведуван од Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект, објавуваме повик за доставување понуди за подготовка на Методологија за спроведување проценка на влијанието врз приватноста за јавните услуги што се во процес на дигитализација.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.

Повик за Методологија за спроведување проценка на влијанието врз приватноста за јавните услуги што се во процес на дигитализација

Прилог 1 – Образец за финансиска понуда

Прилог 2 – Изјава

Краен рок за доставување на понудата е 10.01.2023 година. Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на vesna@metamorphosis.org.mk најдоцна до 03.01.2023.

 

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Сподели: