Во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за прибирање понуди за ангажирање на експерт за Индексот на отвореност на општините со цел сумирање на резултатите и подготовка на Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за 2022 година.

Ги покануваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите наведени во повикот да аплицираат онлајн, на наведениот e-mail во самиот повик.

Начин на аплицирање: со испраќање на кратка биографија (CV), и пополнета, потпишана финансиска понуда, испратени до marijana@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 5.5.2022, 16:00 часот.

Формуларот за поднесување финансиска понуда и сите детали се достапни на следните линкови: Openness Index Expert LSGUs call и ATTACHMENT 1 – financial offer .

Повикот е отворен од денес, 21.4.2022 до 5.5.2022, 16:00 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени предвид.

*фотографијата е под лиценцата creative common

Фондацијата Метаморфозис го резервира правото да контактира само со избраните понуди. Со испраќање на вашата кратка биографија (CV) се согласувате вашите лични податоци да се обработуваат и зачуваат за потребите на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, а со цел спроведување на активностите во рамки на проектот.

Сподели: