Истражувањето е поделено на квалитативен и квантитативен дел., а секој од понудувачите ќе треба да достави посебна понуда за овие делови. Понудувачите имаат право да аплицираат за извршување само на еден дел.

Понудите треба да бидат составени од проценка за:

Квантитативно истражување:

  • Спроведување на телефонско интервју (CATI – Computer Aided Telephone Interviewing) во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, користејќи полуструктурирани прашалници, на примерок од 1000 интервјуирани во секоја земја, во времетраење од 10 минути,

Квалитативно истражување:

  • Спроведување на 40 длабински интервјуа со идентификувани чинители во Македонија,
  • Спроведување на канцелариско истражување, со цел да се соберат сите потребни статистички податоци за генерирањето на е-отпадот, како и идентификување на сите законски рамки за раководење со е-отпад.

Рок за поднесување на понудите е 26 ноември 2010 година во 16 часот, исклучиво по е-пошта на адресата elena@metamorphosis.org.mk.

За дополнителни информации и консултации може да се обратите на проектниот координатор Елена Игнатова на фиксен тел. 3109 325 или моб. 075 495 307.

Истражувањето се спроведува во рамките на проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад (BEWMAN), двегодишен проект инициран и воден од Фондацијата Метаморфозис и кофинансиран од Европската Унија преку ИПА со цел придонесување кон подобрување на законската и институционалната рамка за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, во согласност со релевантните ЕУ директиви и стандарди.

Сподели: