Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации да бидат дел од дводневна обука за заштита на лични податоци што ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“. Оваа обука ќе им помогне на организациите да го усогласат нивното работење со Законот за заштита на лични податоци, но и да ја подигнат свеста за заштита на личните податоци кај нивните целни групи и да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци

Обуката ќе се одржи на 13 и 14 декември во Јавна соба, со почеток во 9:30 часот.

Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат. Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк до формулар за пријавување. Агендата за обуката ќе биде споделена на е-маил адресите на пријавените учесници.

Ги очекуваме вашите пријави!

 

Сподели: