Во рамките на обуката, покрај креирањето на блоговите, учесниците беа поттикнати да ги користат и социјалните медиуми, преку кои може да ги известуваат и да контактираат со своите читатели. Секој учесник во зависност од своите потреби и можности, понатаму ќе ги користи соодветните профили на социјалните мрежи за промовирање и ширење на својата кауза.

Претставување на креираните блогови

Блог за Вегетаријанство: Овој блог ќе има за цел да ја подигне свеста на општеството за придобивките од вегетаријанскиот начин на исхрана и да понуди совети и препораки.

vegetarijanstvo

Блог за Креативни градови: Овој блог ќе се фокусира на придонесот на уметноста и на креативните индустрии во воведувањето иновации во градовите и помагање тие да станат препознатливи.

kreativni_gradovi

Блог за Младите во бизнисот: Овој блог ќе се фокусира на промена во менталниот склоп на младите луѓе за започнување со сопствен бизнис.

biznis_mladina

Блог за Подигнување на капацитетите на Ромите: Овој блог ќе се фокусира на подигнување на капацитетите на Ромите со неформално образование, со цел да се постигне позитивна промена.

kapaciteti_romi

logo_quadri_web
Обуката е кофинансирана од Проектот за децентрализирана соработка со регионот Долна Нормандија.

Фондацијата Метаморфозис ги повикува сите заинтересирани, коишто сакаат да придонесуваат на овие теми и сакаат да се вклучат во некој од претставените блоговите, да пишат на соодветните лица: Елена Игнатова и Ирина Шумадиева.

Во наредниот период, ќе ги претставиме и другите блогови кои ќе се креираат на следната обука, која е закажана за 13 до 16 април.

Сподели: