Трибината се одржува во рамките на Меѓународната конференција „е-Општество.Мк“, која се одвива според Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата преку излагања на интернационални и домашни експерти.

На трибината воведни излагања имаа г. Драган Николиќ, член на Работната група за изработка на Националната стратегија за развој на информатичко општество и Раководител на секторот за К-4 во Министерството за одбрана на РМ, г-а Кристина Јовановска, офицер во Одделот за реформа на јавната администрација во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, г. Аце Коцевски, градоначалник на Велес, г. Зоран Глигоров, ИТ Експерт, УСАИД – Проект за успешна децентрализација и г. Дарко Дуковски, проектен координатор во УНДП. Модератор на трибината беше г. Филип Стојановски, програмски координатор во Фондацијата Метаморфозис.

По презентациите четириесетината гости имаа можност да им постават прашања на воведничарите. Прашањата се однесуваа на тоа дали Македонија има капацитети и волја за спроведување на концептот за е-Влада.

Сподели: