На 11 и 12 мај 2006г. во МБЦ центарот на Скопскиот саем ќе се одржи четвртата СЕЕИТА конференција и третите отворени денови на МАСИТ. На настанот учество ќе земат водечките организации и компании кои се занимаваат со информатичка технологија од регионот и пошироко.

Главни цели на настанот се промовирање на регионалната соработка, промовирање на регионални ИКТ решенија, вмрежување на деловниот ИКТ сектор, имплементирање на меѓународни стандарди за квалитет и управување, развој на човечките ресурси и како да се развие регионот на југоисточна Европа за да стане конкурентен пазар на глобално ниво.

На конференцијата ќе бидат обработени следните теми: регионална соработка, корпоративна одличност, образование и развој на човечки ресурси, соработка меѓу компаниите и ИТ решенија од регионот.

Фондацијата Метаморфозис го поддржа изготвувањето на извештајот „Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан“ изработен од експертите Марјан Гушев и Гоце Арменски кој ќе биде презентиран на конференцијата на 12 мај во 15:00.

Извештајот ќе биде достапен на веб-сајтот на Метаморфозис од 15.05.2006г.

Сподели: