Состанокот беше стартната точка на националната мрежа, која ќе има за цел да застапува за правилно раководење со е-отпадот. Овој состанок беше искористен за да се овозможи запознавање помеѓу членовите и да се разговара имплементацијата на проектните активности, координација и идни планови.

Општата цел на овој проект е да се подобри законската и институционална рамка, која ќе придонесе за правилно управување со е-отпадот во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија. Овој проект цели да развие мрежа за регионална соработка и споделување на знаење за раководење со е-отпад помеѓу балканските земји базирано на добри искуства од ЕУ, да ги зголеми капацитетите на граѓанските организации од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија за лобирање и застапување на теми поврзани со раководење на е-отпад и да ја подигне свеста за правилно раководење со е-отпад помеѓу граѓаните, владините службеници, бизнисите, граѓанските организации и медиумите.

Сподели: