На заеднички состанок во селото Јанче, партнерите во Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП) ги договараа туристичките пакети што ќе се нудат заеднички во северозападна Македонија и во регионот Елбасан во Албанија.

Учесниците од Албанија на средбата во комплексот „Туто“ во живописното село во општина Маврово – Ростуше, кој исто така е член на мрежата на СТЕП, претставија неколку пакети со туристички содржини што се насочени кон запознавање со културните вредности и традиционалните дејности, како и за активен планински туризам.

jance-step-2

Тие предвидуваат пакет за езерото Белши и Сеферан, со опција за кану, фотографирање, запознавање со традиционалната облека а сместувањето би било во Елбасан или Ѓинари.

Вториот пакет што се предвидува е „Виа егнација“, со посета на Пеќин, Елбасан, Ѓинар, со можност да продолжува во Македонија.

Третиот пакет е „Бањите на Елбасан“, а четвртиот пакет ги вклучува Грамш, кањонот Холта и посета на некои пештери.

Петтиот пакет на СТЕП го опфаќа националниот парк „Шебеник – Јабланица“, а се предвидуваат и велосипедски планински тури, за што се предложени 10 потенцијални патеки.

Последниот пакет е „Ден на летото“ во Елбасан.

Македонскиот дел од СТЕП презентираше неколку пакети, од кои првиот е за културните споменици на Полог. Следниот пакет ги опфаќа туристичките центри Попова Шапка и Маврово, со можностите за туризам во сите годишни времиња.

Интересен пакет, кој би можел да се спои со албанскиот е „Виа Егнација“ и запознавање со неговите остатоци.
Последниот пакет што е предвиден на територијата на Македонија е посети на пештерите и другите природни знаменитости во Полог.

Дополнително, разгледувани се можностите и за наменски пакети, како што се планинарење, потоа дегустација на сирења на Шар Планина и на Бистра, како и земјоделски туризам и параглајдерство, но и посебно скроени тури според желбите на посебните туристи.

jance-step-1

По дефинирањето на пакетите, СТЕП во февруари ќе организира дводневни работилници за учесници од ресторани, хотели, туристички агенции, хостели и други сместувачки капацитети.

Целта на СТЕП е промовирање на енергичен туристички сектор кој ефикасно се прилагодува на потребите на домашните и меѓународните пазари и придонесува за забрзување на растот и стимулирање на отворањето нови работни места во прекуграничната туристичка зона помеѓу Македонија и Албанија. Проектот е финансиран од ЕУ, преку програмата ИПА2.

Проект-партнери се Фондацијата „Метаморфозис“, Центарот за регионален развој „Полог“ и Советот на Округот Елбасан.

Сподели: