Фондација Метаморфозис беше дел од дискусијата „Заштита на приватноста на младите на интернет“ организирана од иницијативата SafeGen, со поддршка од Младите можат. Овој настан се одржа на 30-ти март, во просториите на Europe House во Скопје.

Во својство на говорници на дискусијата се појавија Бојан Кордалов, комуниколог и претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП); Тиана Ивановска, психолог и основач на „Себесложувалка“ и Весна Радиновска, проектен координатор во Фондација Метаморфозис. Говорниците и учесниците на настанот имаа можност да разработат од различни аспекти на темата „приватност на младите на интернет“: правен, институционален, психолошки, социолошки и комуниколошки. Во рамки на настанот, беше направена и анализа на реални случаи поврзани со злоупотреба на лични податоци и повреда на правото на приватност на интернет.

Фото: Младите можат

Оваа дискусија им помогна на младите да дознаат на кој начин можат да ги заштитат своите лични податоци на интернет, каде можат да пријават евентуални злоупотреби и какви последици можат да имаат нивните постапки на интернет во реалниот свет.

 

 

 

Сподели: