Во текот на изминатите 36 месеци во рамките на проектот КриТинк, Метаморфозис додели грантови и соработуваше со 17 локални/регионални граѓански организации за спроведување на проекти посветени на медиумската писменост во 8те плански региони на земјата вклучително и градот Скопје. Повеќето од овие проекти за своја целна публика ги имаа младите средношколци и основци. Иако пристапот беше различен, бидејќи некои директно ги вклучуваа младите да работат и да креираат во самото спроведување на проектите, а некои од нив преку видео спотови кои вклучуваа хумор и сатира ги разработуваа темите за медиумската (не)писменост кај нас.

За употребата на хуморот и сатирата како едукативни пристапи во ширењето на медиумската писменост и за искуствата од ваквиот пристап на вебинарот кој ќе се одржи на 21 јуни со почеток од 11.00часот, ќе говорат:

Ана Караманди и Бисера Бијелиќ – Стојчевска од граѓанската организација „Ганимед“ од Битола и

Лилјана Танчева од „Мултус“ од Гевгелија.

Модератор на вебинарот ќе биде Виолета Глигороска од „Метаморфозис“

Вебинарот ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на КриТинк.

Проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк” го спроведува Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Евротинк. Проектот е финансиран од Европската Унија.

 

Сподели: