33028750_10156374080191873_7905320644718362624_o

Интернетот носи многу промени, една од најзначајните е тоа што овозможува процесот на јавното информирање да се прошири на многу повеќе актери, а не само на новинарите кои тоа го прават во една форма која што донекаде е ограничувачка за слободата на изразување. Денес може да информира секој кој користи мобилен телефон, социјална мрежа, може да известува за што сака без притоа да води сметка за стандардите на новинарството. Од друга страна пак, одговорноста за почитување на новинарските стандарди и човековите права меѓу кои и правото на приватност ќе стане дотолку поголема со стапување во сила на Општата регулатива за заштита на личните податоци.

33109066_10156374080391873_7103637644273254400_o

На овие теми се разговараше на четвртиот јавен настан „Слобода на интернет“, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“, а спроведен во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на 16 мај 2018 г.

33364898_10156374080201873_778772042865442816_o

Настанот беше посветен на претставување на прелиминарните извештаи од проектот „Слобода на интернет“, финансиран од Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ), поврзани со заштита на човековите права на интернет, како и претставување на резултатите од мерењата за отвореноста на институциите од проектот „Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа“, поддржан од ЕУ. Овој настан беше поддржан и од Асоцијацијата за прогресивни комуникации како дел од проектот Унапредување, обликување и поддржување на слободите на интернет.

Сподели: