Денес (24 март) официјално започна третото издание на Хакатонот за отворени податоци, настан финансиран од УСАИД преку Проектот за граѓанско учество. Пет тима со вкупно 24 учесници во следните четири дена ќе градат решенија базирани на отворени податоци. Нивната работа одблиску ја следат четири ментори, а на последниот ден, во недела, ќе биде оценета од пет-члена жири комисија.

Победничкиот тим ќе добие награда во вредост од 3,000 долари за доразвивање на демо верзијата во функционална апликација.

 

 

Сподели: