Интервју на Гоце Арсовски, сајбер експерт од Фондацијата Метаморфозис

Возможно ли е да го избришиме нашиот сајбер отпечаток? Како да се заштитиме од потенцијален сајбер инцидент? Која е врската помеѓу сајбер безбедност и демократијата?
На овие прашања и пошироко зборуваше Гоце Арсовски од организацијата Метаморфозис на настанот „Што е тоа сајбер хигиена“ кој се одржа на 28 октомври во Europe House Skopje. Организатор на настанот е Глобал Шејперс Скопје Хаб а целта е одбележување на месецот октомври како месец на сајбер безбедноста.
Слушнете го интервјуто и останете сајбер уредни!
Преземено од Радио МОФ.