Интервјуто со Бардил Јашари, извршен директор на „Метаморфозис“, за заштита на личните податоци и приватноста на интернет, објавено на akademik.mk

Дигиталната трансформација на нашето општество е во тек и ќе продолжи, дигиталните технологии веќе влијаат врз сите нас, сите ги користиме на еден или друг начин, дали за работа, дали за учење, играње, забава или дружење. Луѓето и компјутерите, роботите, ќе треба да се научиме да живееме заедно, во тесна врска. Доколку сакаме таа врска да успее и да биде во полза на луѓето, треба подобро и посериозно да се осврнеме на етичките и правните импликации што ги носи вештачката интелигенција и дигиталните технологии воопшто. Затоа е важно да се вклучиме што е можно повеќе во обликувањето на дигиталната агенда при примената на дигиталните технологии, а особено вештачката интелигенција“ изјави Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис.
 
Целосното интервју со Бардил Јашари, извршен директор на „Метаморфозис“, за заштита на личните податоци и приватноста на интернет, објавено на академик.мк, може да го прочитате на следниов линк.