Состојбите и предизвиците за спроведување онлајн настава во основните училишта

Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси, поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), спроведе истражување за состојбата со онлајн наставата, фокусирано на основните училишта во нашата земја. Целта на ова истражување беше да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во РСМ во периодот март – јуни 2020 година, и преку емпириски сознанија да се дадат релевантни препораки за подобрување на состојбата и адресирање на идентификуваните предизвици.

Се надеваме дека анализата на прибраните податоци и препораките дадени во овој документ ќе придонесат за подобрување на состојбата со онлајн наставата, на задоволство на сите засегнати страни.

Целосното истражување можете да го преземете на овој линк, или со кликнување на копчето „Преземи“.