Визуелизација – пет најчести претставки до Агенција за заштита на лични податоци во 2020 година

Дури две третини од претставките кои ги добила Агенцијата за заштита на лични податоци во 2020 година биле поврзани со социјалните мрежи, а најчестите причини за претставки биле: лажни профили; пробиени (хакирани) профили и објавување фотографии, аудио и видео снимки на туѓи профили.

60% од претставките се однесувале на Facebook, 24% на Instagram, a 16% на други мрежи (Snapchat, YouTube, Twitter и други).

Извор: Годишен извештај за работата на АЗЛП за 2020 година: pdf-azlp-godisen_izvestaj_za_2020_mk.pdf (dzlp.mk)

Оваа визуелизација е дел од проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екостистем“, поддржан од АБА-РОЛИ.