Кирилица на два начина

Документ на македонски јазик може да напише на два начини: со користење македонски фонтови и со користење латинични фонтови со македонска поддршка.

Првиот начин е многу застапен, но, тоа не значи дека е исправен. Главни недостатоци се што текстовите напишани со македонски фонтови нема да можат да прочитаат на компјутер на којшто не е инсталиран тој фонт. Исто така, доколку текст напишан со македонски фонт се објави на интернет, тогаш интернет-пребарувачите како Најди!, Гугл или Јаху! нема да можат да го индексираат и до тој текст ќе може да се пристапи само директно, а не и преку барање во интернет-пребарувач.

Нема да налетате на ниту еден од овие проблеми ако користите македонска поддршка. Документот напишан во македонска поддршка може да се прочита на секој компјутер, доколку се објави на интернет, интернет-пребарувачите без проблем ќе можат да го индексираат, а со тоа и да го направат достапен за сите.

Ако имате документи напишани во македонски фонтови и сакате да ги конвертирате во латиничен фонт со македонска поддршка, прочитајте го текстот и ќе се запознаете со два типа на конвертори коишто ќе ви овозможат конверзијата да ја правите директно во Микрософт Ворд или на интернет.

ЛС КонвертМак в.3.0 на Логин Системи

ЛС КонвертМак в.3.0 е конвертор за преформатирање на документите напишани во кирилични фонтови, како што се Mac C Swiss, Mac C Times, M_Svoboda, Macedonian Tms и други во оригинални фонтови со македонска поддршка. Главен предуслов за да работите со овој конвертор е да имате инсталирано оперативен систем Виндоус и апликација Микрософт Ворд.

Подетално за инсталирање на конверторот можете да прочитате на сајтот на Логин Системи, а се користи на следниот начин: во Микрософт Ворд отворете го документот што сакате да го конвертирате и од менито Tools изберете ја командата ЛСКонвертМак. Ќе се појави прозорец прикажан на слика 1.

lscovert

Прозорецот на конверторот е поделен на четири дела. Во првиот дел се определува типот на конверзијата. Текстот во документот може да се конвертира во македонска поддршка, во кириличен фонт, во латиничен фонт во македонска поддршка и во македонска поддршка во латиничен фонт.

Во вториот дел се избира на кој дел од документот ќе се примени конверзијата. Може да се конвертира целиот документ, само заглавието, само подножјето или да се променат стиловите што се употребени во документот. Исто така, овие четири опции можат да се користат комбинирано, или, пак, сите истовремено.

Во третиот дел се определуваат изворниот фонт и фонтот во кој ќе се конвертира текстот. Во полето „Фонт кој треба да се замени“ се избира изворниот фонт, а во полето „Фонт во кој ќе се конвертира“ се избира фонтот во кој корисникот сака да го конвертира текстот.

Во четвртиот дел се определува дали при пишување на малата буква „ш“ во изворниот фонт се држи притиснато копчето Шифт (Shift) на тастатурата (Пример: Macedonian Тms, Macedonian Helv).

На крајот се кликнува на копчето „Конвертирај“ и конверторот ги извршува наредбите што сме му ги задале.

ЕН – МК Конвертор

Доколку ви треба да конвертирате текст, а се наоѓате на интернет, посетете го ЕН – МК Конверторот изработен од ГудБајтс (GoodBytes). Конверторот се наоѓа на адресата http://agora.org.mk/goodbytes/enmkonvert/.

goodbytes

Овој онлајн конвертор се состои од два дела. Првиот дел има две полиња. Во првото поле се внесува изворниот текст, а во второто се добива конвертираниот текст.

Во вториот дел има три опции кои можат да се изберат. Првата опција е за конверзија од латиничен фонт во македонска поддршка, со втората опција се конвертира од македонска поддршка во латиничен фонт, а третата опција служи за транслитерација од македонско кирилично писмо на англиско латинично писмо.

Откако ќе се внесе текстот што треба да се конвертира и ќе се избере една од трите понудени опции, се кликнува на копчето „Конвертирај“ (Convert). Конвертираниот текст се прикажува во полето што се наоѓа на десната страна од првиот дел.

Николче Мицкоски

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Кирилица

на

два

начина

Останати блог текстови

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

10.11.2023

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го […]

“Вештачката интелигенција да превенира говор на омраза онлајн, но да не ја спречува слободата на говор” – Новинска агенција Мета.мк

10.11.2023

Во битката меѓу престапниците како креатори и вештачката интелигенција како превентивен механизам, од суштинско значење е да не настрада слободата на изразување Фото: cottonbro studio: https://www.pexels.com/photo/person-in-white-long-sleeve-shirt-using-macbook-air-5077038/ Моделите на вештачка интелигенција (ВИ) напредуваат и имаат можност да откријат говор на омраза онлајн, а со тоа превентивно да влијаат врз неговото ширење особено преку водечките социјални мрежи, […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]