Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ започна со спроведување на проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во Република Северна Македонија“, со цел да придонесе во процесите за подобрување на активната транспарентност на институциите на централно ниво.
Проектните активности имаат за цел да придонесат кон подобро информирана јавност и поголема вклученост на граѓаните во процесот на донесување на одлуки; пристап на државните службеници до алатки и методи за подобрување на отвореноста во нивните институции и подобрување на нивниот интегритет.
Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено Општество – Македонија, а ќе се реализира во периодот од 1-ви јануари 2023 година до 30-ти јуни 2024 година.
Метаморфозис, преку овој проект ќе продолжи да поттикнува култура на институционална отвореност, да гради капацитети кај јавната администрација и да ги ојачува граѓаните со знаење и механизми за постигнување поголема отчетност од институциите.