МЕДИУМИ И МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

03.02.2021

Потребата од следењето на најновите трендови од медиумската
сфера е неминовен дел од работата на многу организации и
експерти. Без разлика дали медиумите во фокус се традиционални
или дигитални, истите играат важна улога во општеството. Оттаму,
потребно е невладините организации и активистите да ги ползуваат
придобивките од ефективно, стратешко, и целисходно комуницирање
со јавноста. Но, само следење на работата во медиумскиот простор,
и ефективното комуницирање не е доволно. Препознавањето на
дезинформации, говор на омраза, и сродните малициозни присуства
во медиумската сфера (вклучително и на социјалните медиуми) стана
вештина потребна за сите граѓани. Развивање на критичко мислење
во генерална смисла, но особено кога станува збор за критичко
анализирање на презентираните медиумски содржини претставува
една од најважните и најбараните вештини во последните години